Тамара Атанасоска, Дамјан Георгиевски, Ениса Еминовска и Алек Митров на национален медиум ја претставуваат иницијативата против полициската бруталност која отпочна како резултат на претепувањето до смрт од страна на припадник на специјалните полициски единици и обидот за криење на деталите во врска со убиството на Мартин Нешкоски од страна на МВР. Од 6 јуни до денес, граѓаните секој ден протестираат на улиците на Скопје, но и низ повеќе градови во Македонија. Протестите наидоа на поддршка на многумина, меѓу кои и Народниот Правобранител, како и Претседателот Иванов. www.protestira.me